И покрај тоа што повеќето земји незнаат како ќе се справат со спроведување nа социјалната дистанца, Сингапур изгледа веќе има решение. Spot е куче робот на Boston Dynamics кој ќе му помага на Сингапур во одржување на растојанието од еден метар во парковите. Всушност ангажирањето на Spot кое започна во петокот е дел од двонеделен пробен период.

Ако Spot открие дека некој не се придржува кон правилата, нежно и учтиво со глас на жената ќе каже: „Да го задржиме Сингапур здрав. За ваша сопствена безбедност и за оние околу вас, ве молиме одржувајте растојание од најмалку еден метар. Ви благодарам”.

Ова куче робот е во можност да го процени бројот на луѓе во паркот, но не е во можност да следи лица или снима лични податоци. За своите потреби Сингапур има ангажирано уште еден робот во форма на мал автомобил кој и помага на полицијата.