Регулаторните тела во Сингапур и дозволија на компанијата Eat Just да продава месо одгледано во лабараторија, со што оваа земја стана првата во светот што го лансираше пилешкиот производ на брендот. Овој вид на месо е клеточен-базирано месо кое што е развиено во лаборатории со употреба на животински клетки.

Според соопштението за медиумите, Eat Just не користат антибиотици при изработката на производот, а безбедносните тестови покажаа дека неговото лабораториско пилешко месо има „екстремно ниска и значително почиста микробиолошка содржина“ од традиционално одгледуваното пилешко.

Анализата покажа дека ова месо содржи висока концентрација на протеини, различни видови на аминокиселини, релативно висока концентрација на здрави мононезаситени масти и многу минерали. Процесот на производство не е откриен но се знае дека тоа е изработено Food Innovation and Resource Centre, објект за истражување на храна управувана од Singapore Polytechnic и Enterprise Singapore.

„Сингапур одамна е лидер во иновации од сите видови, од информатичка технологија до биологија, и до сега е водечки сила во светот во градењето на поздрав, побезбеден систем на храна. Сигурен сум дека нашето месо ќе биде прифатено од луѓето во Сингапур и во земјите низ целиот свет. Ова е резултат на зголемената побарувачка за животински протеини, а со оглед на тоа дека е предвидено бројот на население да се искачи на 9,7 милијарди до 2050 година“ изјави Џош Тетрик, ко-основач и извршен директор на Eat Just.