Singapore 2100 е визија на WOHA за одржлив град на иднината каде што луѓето и природата ќе можат да коегзистираат во регенеративни, само-одржливи циркулативни системи. Денес, нашата планета се соочува со страшни човечки и природни катастрофи, кои ќе се зголемуваат како што се зајакнуваат и климатските промени. Сепак, WOHA во своето видео не потсетува дека се уште постои надеж за човечкиот род за да ги промени климатските патеки, се додека се делува брзо. Според климатските извештаи на ОН, моментално и екстензивно ограничување на штетните емисии би можело да го ограничи загревањето по 2050 година.
Град на 22 век
Како што планетата се соочува со абнормална криза предизвикана од луѓето, дизајнот на Singapore 2100 предлага итни акции – начини за менување на нашите постоечки градови и мобилна инфраструктура базирана на растенија, иновации и технологии кои се веќе достапни.
„Сингапур ќе биде жив, одржлив и издржлив град на 22 век“, стои во видеото. Тоа ќе биде место покриено со повеќе бујно зеленило кое ќе ги пречекува луѓето и другите живи суштества. Оваа визија ќе понуди висок квалитет на живот. Градот Сингапур служи како модел кој покажува како луѓето можат да ги искомбинираат кружните системи во градовите, а ќе им користи на луѓето, „хардскејпот“ и природата.
Иднината на живеењето
Во иднина, посветените места за работа, игра или жиеење ќе бидат заменети со мултифункционални простори. „Нашата работа и училиштето не се нужно ограничени зад бироата и клуптите. Местата од каде работиме се флексибилни и нашите канцеларии се адаптивни“. Примерот за новиот град нуди градби кои ги инспирираат луѓето да останат активни и да поминуваат време вво природата, а сепак да имаат и квалитетно време со своите блиски во домот.
50/50 и идната мобилност
Овој 50/50 град ќе го задржи половина од својот отпечаток за природата, а остатокот за урбаните простори. Ова ќе креира баланс меѓу природните и вештачките системи. Ќе ги излечи и оживее климатските и еколошки системи овозможувајќи биодиверзитетот да цвета.
Иднината на мобилноста предлага јавен транспорт, намалувајќи го користењето на приватните возила. Пешаците, велосипедистите и мобилните електрични носачи ќе ги преземат зелените патеки. Истовремено, автопатите и другите урбани врски ќе се преселат на пониско подземно ниво. „Можеме тродимензионално да се движиме низ градот: на земја, под земја и низ небото“. Природата ќе дише и ќе реагира, враќајќи почист воздух, вода и поладни температури.
Менувањето од 2D урбано планирање до иновативно интегрирано 3D планирање заштедува време, простор, моќност и емисии, а притоа го подобрува животот на луѓето. Тоа значи дека градот е развиен хоризонтално и вертикално со повеќе нивоа што се протегаат од земја до небо – услугите и логистиката се на сутеренскиот слој, потоа малопродажните, заедничките и природните зони на ниско ниво, животните и работните делови во средината, а дроновите и енергетските слоеви најгоре.