Познатото американско семејство ја краси новата колекција на Vans. Колекцијата Simpsons x Vans е прослава на сите сакани ликови со кои пораснавме. Хомер, Марџ, Барт, Лиза и Меги се главните ликови на колекцијата, но тука се појавуваат и останатиле ликови од серијата.

Некои модели се посветени на индивидуални ликови како што е пурпурниот џемпер кој го носи слоганот „Lisa Simpson for President“ или блузонот со „El Barto“. Колекцијата која содржи патики, ранци, капи… е достапна за купувачите од 7-ми Август на интернет продавницата на брендот.