Најконтроверзниот премиер на Италија, Silvio Berlusconi е ставен во фокусот на вниманието на новиот филм наречен Loro. Филмот е италијанска продукција, а зад него стои италијанскиот режисер, писател и сценарист Paolo Sorrentino.
Ликот на политичарот и медиумски гигант го толкува наградуваниот и талентиран Toni Servillo, дејството на филмот го раскажува животот на Berlusconi во период од 2006 до 2009 година, преку група бизнисмени и политичари кои работеле и живееле околу премиерот.
Покрај Servillo, во останатите улоги се јавуваат и Elena Sofia Ricci, Riccardo Scamarcio, Kasia Smutniak и други.