Различни режими на исхрана се фокусираат на различни намирници, но едно е сигурно – секој од нив избегнува шеќер. И има зошто.

Тешко е човек да се откаже од шеќерот во исхраната. Не само затоа што е вкусен, туку затоа што се наоѓа скоро во сета храна која ја јадеме денес – од вегебургери, преку кечапот до крекерите. Но, ако го отфрлите шеќерот од исхраната, ќе имате големи придобивки во целиот организам.

За една недела без шеќери, крвниот притисок ќе се стабилизира на поздрави нивоа, а истото важи и за нивоата на мастите и инсулинот во крвта.

Секако, како вашето тело ќе реагира на отсуството на шеќер, најмногу зависи од тоа колку бели нешта внесувате во исхраната и дали јадете јаглени хидрати. Телото ги разложува комплексните јаглени хидрати, како овесна каша и овошје, во едноставни шеќери кои се користат за енергија.

Но, што ќе се случи ако ја отстраните сета гликемичка храна од организмот?

Според експертите, првите три дена се најтешките. Особено ако сте ентузијасти за десерти, не е ни чудно целодневно да размислувате на некоја крофна. Ова се случува бидејќи недостасува шеќерот кој би го стимулирал вашиот мозок.

Можеби ќе се чувствувате лошо, но во организмот ви се случуваат позитивни промени. Инсулинот, хормон кој ја регулира глукозата, опаѓа како би бил постабилен. На почетокот, ќе се чувствувате полетаргични и уморни, но тоа ќе помине за неколку дена. Адреналинот ќе се зголеми и ќе помогне во разложувањето на гликогенот, шеќер складиран во вашето тело, кој ќе се испушти во крвотокот.

За неколку денови, џигерот ќе произведува кетони од мастите, бидејќи повеќе нема да има глукоза за разложување. Овој процес е наречен кетоза и претставува согорување масти. 

Како резлутат на ова, ќе почувствувате грчеви во мускулите, бидејќи губите многу вода како сте во процес на кетоза, без шеќер. 

Но, кога овие промени ќе заминат, ќе се чувствувате поенергични, фокусирани и смирени, велат експертите. Забележително е за луѓето кои поминуваат нив ваков процес на отстранување на шеќерот да изгубат килограми за краток период. Но, докторите не се сигурни дека ваквиот начин на исхрана е здрав кога би се применувал долгорочно. Тие советуваат сепак да се внесуваат здрави и комплексни хаглени хидрати, кои ќе се разложат во шеќери, но тоа е здрав и нормален процес. Здравото внесување комплексни јаглени хидрати овозможува одржување на оптимално ниво на инсулин во организмот, а тоа значи дека нема да имате главоболки, ненадејна желба за благо, туку констатно ниво на енергија.