Јајцата содржат аминокиселини неопходни за човекот. Кај мажите овој производ е поврзан со намален крвен притисок и зголемено ниво на тестостерон. Инспириран од Гастон, од анимираниот филм Убавицата и Ѕверот, јутјуберот Simple Man реши да проба режим на исхрана која вклучува јадење на 12 јајца на ден во времетраење од една недела, притоа следејќи ги промените во крвниот притисок, нивото на холестерол и тестостерон.
За да може да даде што порелевантни податоци од експериментот тој го запишува секој податок кој го мери и го споделува. На почетокот на предизвикот неговата тежина изнесувала 93 килограми, 20,7 проценти на маснотии во телото, обем на половина од 95 сантиметри, крвен притисок од 127/87 (mm Hg) и ниво на холестерол од 253 mg/dL.
Внесот на калории на дневно ниво останал ист, односно внесувал 2000 калории дневнo. На крајот од овој експеримент тој забележал дека неговата тежина се намалила за 2 килограми, за 0,8 проценти се намалило и нивото на масноти, обемот на неговата половина се намалила за 4 сантиметри, меѓутоа нивото на холестерол се зголемило на 276 mg/dL, што во неговиот случај бидејќи имал и така високо ниво на холестерол, имало зголемување и на HDL холестеролот и на LDL. Притисокот му се намалил од 127/87 mm Hg на 120/88 mm Hg.