Наближува времето за подароци и новогодишни изненадувања, а тоа значи дека џентлмените би требало на своите партнерки да им приредат нешто убаво. А не е ниту нова ситуција дека тоа за мажите претставува „мачен“ период од годината пред се поради прашањето „што да и купам“. Секогаш се трудиме да бидеме оригинални и на поубавите половини да им го понудиме она што не очекуваат, но често се случува да промашиме и да купиме нешто што не би требало. Еве неколку совети, добиени од дискретно истражување меѓу дамите.

подароци1. Патување

Дамите во најмногу случаи рекле дека многу би сакале со момците да отпатуваат некаде и новогодишните празници да ги минат на некоја од познатите туристички дестинации.

 

подароци

2. Домашно милениче

Нема ништо поубаво кога некому ќе подарите слатко и мило милениче. Ако девојката нема услови за мачка или куче, секогаш можете да подарите сладок папагал или хрчак.

3. Романтична вечера

Припадничките на поубавиот пол исто така изразиле желба со своите омилени мажи да излезат на убава и романтична вечера во некој луксузен ресторан, зашто сметаат дека тоа е совршена новогодишна вечер.

4. Креативен подарок кои самите сте го направиле

Многу дами велат дека сакаат кога мажот ќе се потруди околу подароко и дека тоа е вистински знак на љубов и внимание. Затоа, не мора да се фокусирате на нешто скапо и гламурозно, туку можете да го покажете вашиот труд и вложено време. Ако го сторите тоа, бидете сигурни дека таа тоа ќе го цени.

подароци5. Парфем

Дамите велат дека нов парфем секогаш е добредојден и дека со него никогаш нема да погрешите. Така што ако немате никаква друга идеја, со парфем нема да направите грешка.