Ако сте Samsung фан тогаш Samsung Galaxy Buds Pro би биле одлична дополна на вашата палета на уреди од овој бренд. Но не само поради името на брендот туку и поради карактеристиките на самите слушалки.

Изглед и чувство

Од аспект на дизајн, Samsung отстапува од обликот на грав избирајќи позаоблена силуета, бидејќи овој облик изненадувачки малку стрчи. Имајќи во предвид дека не сите уши имаат ист облик, Samsung Galaxy Buds Pro имаат дополнителни гумички ви три различни големини. Што се однесува до бојата тие доаѓаат во три различни бои и тоа Phantom Violet, Phantom Black и Phantom Silver што одговараат на новите Samsung Galaxy S21. Кутијата е компактна и поддржува USB-C полнење и безжично полнење. Исто така, треба да се напомене дека Galaxy Buds Pro доаѓа со USB 3.0, USB-C кабел за полнење многу подобра опција за Samsung Galaxy S21 Ultra.

Квалитет на звук

Овие слушалки даваат квалитетен звук. Овие слушалки имаат двонасочен звучник, што во суштина значи дека има посебен вуфер и високотонец во секоја слушалка. Вуферот од 11 милиметри и високотонецот од 6,5 милиметри заедно создаваат целосен, добар, звучен систем без разлика дали слушате некоја интензивна музика, поп или подкаст.

Интелигентен ANC

Иако не добивате целосен ANC (noise-cancelling), Galaxy Buds Pro нуди прилично добра алтернатива. Но за да го осетите тоа, доколку работите од дома, а домот го делите со повеќе лица, треба да се придржувате до некои правила. На пример треба да ги одберете „вистинските“ додатоци/гумички за уши, па дури и тогаш звукот погласен од правосмукалка не останува незабележан.

Траење на батеријата

Според спецификацијата батеријата трае до пет часа со вклучен ANC и до осум часа со исклучен. Со редовна секојдневна употреба, не нонстоп, батеријата трае доволно. Доколку сте излезени тогаш можеби ќе ви биде потребно полнење за кое можете да ја искоритите кутијата.

Отпорност на вода IPX7

Ова е одлична карактеристика која е додадена во Galaxy Buds Pro. Ова не значи само заштита од пот, прскање, туку вистинска водоотпорност. Ова значи дека можете лесно да ги носите додека пливате во слатка вода или се туширате или пак случајно ви паднат во чаша вода…

SmartThings

Ако сте од тие луѓе кои забораваат каде ги ставаат своите работи тогаш апликацијата SmartThings ќе ви помогне да ги најдете вашите безжични слушалки. Но една негативна страна за оваа опцијае тоа што оваа апликација е достапна само за корисниците на Samsung Galaxy.

Недостатоци

Ниту еден производ не е совршен. Galaxy Buds Pro користи сензори за допир за работа, па така често се случува случајно да се активираат некои функции. Друг недостаток е што апликацијата Galaxy Wearable е достапна само на Samsung. Оваа апликација помага при контролирање на некои од функциите. Па одлуката останува на вас.