Трансплантацијата на коса е вид на медицинска постапка што ја носи косата од областите на скалпот со здрав раст на коса и ја преместува во области каде растот на косата слабее или се повлекува. Што значи на крајот од процесот целата глава има здрав раст на косата. Но овој процес не е погоден за сите видови на опаѓање на косата. Тука се наметну прашањето: Каков вид на опаѓање на косата може да се третира со трансплантација на коса?

Најчеста причина за опаѓање на косата е генетиката. Некои од нас наследуваат гени кои диктираат престанок на растот на фоликулите на косата на одредена возраст. Ако опаѓањето на косата е генетско, тоа обично се јавува кај секоја генерација на иста возраст. Генетското опаѓање на косата може често да се третира со трансплантација на коса, бидејќи не постои основна медицинска причина за тоа. Видови на опаѓање кои можеби не се погодни за трансплантација се: Несакани ефекти од лекови за состојби како рак, депресија и срцеви заболувања; Стресот предизвикува телото да произведе хормон наречен кортизол, кој всушност ги напаѓа фоликулите на косата; Нутриционистички недостатоци како на пример недостаток на протеини, витамини од групата Б, омега-3 и железо и други.

Постојат два вида на модерна трансплантација на коса, FUE и FUT. Двата вида вклучуваат трансплантација на индивидуални фоликули на коса. За двата вида треба да имате доволен број на здрави фоликули од коса на скалпот. Разликата е во тоа што FUT претставува оперативен зафат каде хирург отстранува дел од скалпот (обично задниот дел од главата), а потоа ги извлекува фоликулите на косата, додека FUE е процес каде хирург ги отстранува индивидуалните фоликули на косата директно од вашиот скалп па ги пресадува. За тоа каков вид на трансплантација ви е потребен одредува докторот според потребите.