Германските брендови ја заземаат централната позиција на 68-от по ред интернационален саем за автомобили IAA кој се одржува во Франкфурт. 

Високо-ефикасните модели погонувани од бензинско и дизел гориво ќе мора да ја делат сцената со возила кои користат електрифицирани погони, од хибриди па се’ до автомобили кои користат само електрична енергија за погонување. 

Кога сме веќе кај електричните модели, еден од најважните кои треба да бидат прикажани е долгоочекуваниот прв електричен Porshe, моделот Taycan, како и производната верзија на VW ID3, која има цел да го продолжи она што за Volkswagen го направија моделите Beatle и Golf, доближувајќи го електричниот мејнстрим автомобил до обичните купувачи.

Sian e името на моделот на првиот хибриден супер автомобил на Lamborghini.

Од електричните изданија, покрај бензинското, Opel Corsa најави свое електрично возило. Land Rover Defender во ново руво е подготвен за своето деби,a Hyundai премиерно ќе ја престави новата генерација на градскиот модел i10.

Со многу детали и информации за новитетите и случувањата на IAA, следете го тимот на Авто Плус во живо од Франкфурт на Instagram и Facebook, и нa www.avtoplus.mk