Според извештајот на Health and Safety Executive наречен Work-related Stress, Depression or Anxiety Statistics in Great Britain, 12,5 милиони работни денови биле загубени минатата година поради стрес поврзан со работата, депресијата и анксиозноста.

Со оглед на тоа дека само во Велика Британија има 526.000 работници кои страдаат од психолошки напор, со сигурност не треба да се запостави сето ова. Но, колкумина од вас всушност зборуваат за оваа тема? Кога последен пат сте се ослободиле од стравовите кои се однесуваат на несигурноста, обемот на работа, недостатокот на поддршка, промените, малтретирањето и друго?

Тоа што не зборувате за овие проблеми не го затскрива фактот дека можеби се уште сте под стрес. Всушност, многу е веројатно дека се уште покажувате различни знаци кои индицираат под колкав стрес сте.

Во разговор за Healthista, Шарлот Вотс, авторот на De-Stress Effect, објасни дека симптомите на стрес можат да се поврзат со недостатоците кои имаат и физички знаци, исто така.

„Периодите на стрес ги користат повеќето хранливи материи побрзо. Бидејќи целиот наш систем, вклучувајќи енергија, мозочни реакции, хормони и имунитет, сите работат со повисока и побрза стапка“, изјави таа.

Овие „периоди на стрес“ често можат да доведат до физички промени. Мислите дека можете добро да се носите под притисок? Погледнете ги овие знаци во прилог. Ако со неколку од нив можете да се поврзете, тогаш веројатно сте многу повеќе под стрес отколку што мислите.

– Напукнати усни, назнака за недостаток на Витамин Б6
– Чкрипење на забите (Б5)
– Бели точки на вашите нокти (Цинк)
– Тврда столица или дијареа (Магнезиум)
– Крварење на непцата (Витамин Ц), повеќе дамки на екстремитетите (Витамин Е)
– Инфекции на грлото и градите.