Новиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд, No Time To Die, наскоро ќе пристигне во кината, а официјалниот трејлер веќе собра повеќе од 13 милиони прегледи. Интересот за 25-тиот серијал за 007 е огромен, а тоа не треба да претставува изненадување, бидејќи едноставно, луѓето го сакаат Бонд. Почнувајќи со неговата беспрекорна колекција на рачни часовници, до неговиот префинет вкус за автомобили и жени, британскиот супер шпиун има повеќе опрема од она што обичниот човек се надева дека ќе го има за целиот свој живот.

Но, она што останува таинствено за Џејмс Бонд е неговата елегантна колекција на костуми кои сите ги оставаат без здив. Со својот избор на Tom Ford и Brioni, личната колекција на Бонд, без разлика дали во главната улога е Даниел Крег, Пирс Броснан, Шон Конери или било кој друг актер, несомнено е предмет на најмногу воздишки во историјата на филмот.

Бонд

Изгледот на Бонд е достапен за сите

Но, многумина и не можат да си дозволат Том Форд лично да ги облекува, како што беше случајот со Даниел Крег во Spectre, сепак сите можат да си дозволат костум во стилот на Џејмс Бонд за разумна цена. Итан Свит е првиот човек на Thom Sweeney, куќа за кроење костуми по мерка, која се грижи за изгледот на Даниел Крег за голем број од неговите појавувања на црвениот тепих откако ја доби 007 улогата. Свит знае што е потребно за да се има одело на кое ќе му завиди и самиот Бонд.

„Бонд ги носи своите костуми со неверојатна леснотија. Без нервози и набори. Тој го има својот стил одредено и знае во што се чувствува природно и пријатно“, вели Итан Свит и додава:

„Пресекот на костумот го одредува вклопувањето и стилот на облеката. Се разбира, сите куќи за кроење по мерка нудат различни ‘домашни пресеци’, но фундаментално, постојат одредени повторливи карактеристики во костумот по мерка што гарантира дека е погоден за движење наоколу или за носење на подолг период“.

Бонд

Итан Свит ги споделува петте начини кои треба да ги знаете за да добиете костум во кој и вие ќе се чувствувате како Џејмс Бонд во вашиот костум направен по мерка:

Барајте повисок простор за рацете

„Соодветно поставениот висок простор за ракатa кај рамената му овозможува на телото да се движи поприродно без да се истегне палтото од телото, без потреба од за вишок простор кој всушност само смета. Повисокиот простор за рацете, исто така, поттикнува поелегантна привлечна силуета“.

Сакате палто кое идеално ви одговара

„Ideal Fit е широк поим, но во овој случај, вашето палто не треба да биде премногу опуштено, лесно или премногу тесно и блиску до вашето тело. Треба да барате вклопување некаде на средина. Идеалнo е широк, чист предел кај градите со доволно простор кој овозможува движење и заострен дел кај половината (не затегнато или тесно) е она што треба да го побарате кога станува збор за вашето палто. Со ова, силуетата на палтото изгледа чисто, но не се повлекува неприродно околу половината, со што се овозможува палтото да се движи како што треба. Бонд никогаш нема и не би требало да носи цврст костум – тие се непријатни, непрактични и се износуваат брзо“.

Избегнувајте тесни панталони

„Истото правило кај палтата се однесува и кај панталоните, кои треба да ‘легнат’ на вашата природна линија на половината. За да си оставите себе си доволно простор да седнете удобно и да правите други активности кои ги прави Бонд, треба да се осигурате задниот дел и пределот околу бутовите кај панталоните да не бидат премногу блиску. Во спротивно, кинењето на панталоните ќе биде многу веројатно, освен ако не ги ограничите своите движења, но тоа не е од корист ако ги ловите најбараните криминалци на светот. Исто така, стеснетото вклопување на ногавиците ќе ја задржат силуетата чиста и современа и ќе му овозможат на вашето тело слободно да се движи.

Одете со традиционалниот стил

„Со погодноста и вклопувањето во предвид, стилот на Бонд беше и се уште е многу традиционален, иако неодамна тој испроба повеќе современ изглед со поприродно, со потенок дел околу рамената. Треба да барате широк ревер, шилест или со засек, каде првиот дава малку поагресивна линија, нагласувајќи ја половината. Едностепеното палто со две копчиња, со директни, класични џебови со преклоп е она што обично е изборот на Бонд. Кога станува збор за панталоните, без разлика дали ќе се одлучите за рамни (plain fronted) или оние со фалти (pleated) и двата дизајни изгледаат одлично и се носени од 007“.

Изборот на материјал е клучен

„Зависно од вашата локација, климата и посакуваната употреба на вашиот костум по мерка, изборот на материјали е исклучително важен. Во случајот со Бонд, сите горенаведени услови се применуваат на дневна база. Костумот по мерка ќе трае за цел живот ако се избере вистинската ткаенина и ако се одржува соодветно, дури и со акробации од типот на Џејмс Бонд. Кангарен штоф со средна тежина ќе ви биде од корист во текот на целата година и ќе го задржи своето тело и завршеток. Полесната волна е одлична за лето со оглед на тоа дека е цврста и дише и е еластична на наборите. За костум за вечера, одлучете се за полноќно сино или црна баратеа волна (barathea wool) и фаворизирајте црни сатенски ревери и ленти за панталоните. Елекот во форма на потковица е плус“.

Чувајте ја бојата придушена

„Како што знаеме од изборот на гардеробата на Бонд низ годините, морнарското сино, сивото, суптилно карираното и истата нијанса на кежуал палта и панталони едноставно функционираат. Можеби сум здодевен, но оставете ги похрабрите и поекстравагантните избори за подоцна“.