Многумина велат дека појадокот е најважниот оброк во денот. Но, дури и ако е така, ако го конзумираме погрешно може да има влијание на нашето здравје. Утринскиот појадок не е само есенцијален за да се добие потребната енергија за започнување на денот на најдобар начин, туку исто така има и главна улога во начинот на кој се чувствуваме, со оглед на тоа дека не сакаме да јадеме нешто што ќе не направи поспани, ќе ни го зголеми апетитот 20 минути откако ќе завршиме со јадење или да ни предизвика чувство на мачност наутро.

Сепак, голем број од овие навики можеби не се толку очигледни кај оние кои избираат да го прескокнат појадокот или да каснат нешто само колку да се прикрие гладта. Здравиот оброк наутро треба да содржи храна која ќе му обезбеди на телото енергија, со што ќе се избегне недостатокот на енергија во утра кога имаме изобилие на работа и стрес. А со оглед на тоа дека постојат грешки кои евентуално ќе ги направиме, ова е листа од шест најчести грешки кои можете да ги исправите и да ги започнете вашите утра секој ден на најдобар можен начин.

Не избегнувајте протеини и здрави маснотии

Во прилог на тоа да добиеме повеќе енергија, протеините исто така не држат заситени подолго време. Мастите се фундаментален елемент за една исхрана поради широкиот спектар на здравствени придобивки. Појадокот без доволно количество на здрави масти може да предизвика порано да се појави глад и да не поттикне повторно да јадеме, а често само неколку минути подоцна.

Брзо јадење

Појадок

Дека голем број од утрата ни минуваат во брзање е веќе познато. Не секогаш имаме време да седнеме и да уживаме во лежерен појадок. Но, јадењето набрзина резултира со, во повеќето случаи, јадење поголемо количество, а на знаците на ситост им треба време да се достигнат. Прејадувањето наутро можеби не е крај на светот, но сепак, по завршувањето на оброкот може да не се чувствувате најдобро.

Прескокнување на појадокот

Со тоа што не се прескокнува појадокот можеме да си помогнеме да ја спречиме гладта во текот на денот и ниското ниво на енергија, што резултира со поизбалансирана и здрава исхрана. Иако голем дел од луѓето кои избираат да не појадуваат, не чувствуваат голема потреба од појадок, сепак реалноста е дека желбата за храна и прекумерната потрошувачка во текот на денот се доста константни и се резултат на отсуство и потреба од првиот оброк во денот.

Појадување доцна

Ова е една од најчестите и постојано присутните грешки, особено кај нас. Често сме во брзање наутро, поради што губиме грижа за појадок. Времето меѓу 9 и 10 часот наутро не се смета за препорачан период за појадок, бидејќи колку порано појадуваме, толку подобро ќе биде за добро функционирање на метаболизмот.

Замена на калориите преку пијалоци

Без разлика дали станува збор за кафе со мелко или за купечки сокови, постои голема доза на калории скриени во овие пијалоци, што може да влијае на исхраната и нездраво зголемување на телесната тежина. Кога подготвувате појадок, важно е да се земат предвид калориите и нивото на шеќер што сакате да го конзумирате во умерени количини.

Не пиење вода наутро

Појадок

Кафето е на прво место, тоа добро се знае. Но, исто така е неопходно да го хидрираме нашето тело по долга ноќ без никакви течности. Една од првите работи кои треба да ги направите кога ќе се разбудите е да пиете вода. Честопати, жедта може да стане двосмислен фактор, не тера да имаме огромен утрински апетит, што може да не се случи ако останеме хидрирани наутро.