Ennead Architects заврши со изградба на најголемиот музеј на астрономија во светот сместен во Шангај, кој ќе биде отворен на 18-ти Јули оваа година. Дизајниран без прави линии или прав агол, одекнувајќи со геометријата на универзумот и динамичката енергија на движењата на небесните тела, неговата динамична форма создава извонредно искуство што ги става посетителите во директна интеракција со вистински астрономски појави.

Сакајќи да создадат место каде институционалната мисија е целосно опфатена и изразена со архитектурата, тие создаваат простор од 38.000 квадратни метри кој е посветен единствено на проучување на астрономијата. Преку формата и манипулацијата со светлината, зградата ја зголемува свеста за нашата фундаментална врска со сонцето и орбиталното движење на земјата. Секоја од трите главни архитектонски компоненти што го дефинираат дизајнот: окулусот, превртената купола и сферата, делуваат како функционални астрономски инструменти, следејќи ги сонцето, месечината и sвездите.

Окулусот го демонстрира текот на времето следејќи круг на сончева светлина, кој за време на летна краткоденица на пладне има полн круг, кој се усогласува со кружна платформа. Сферата во која се наоѓа планетариумот, предизвикува илузија на бестежинска состојба, претставувајќи го иконскиот универзум на најдобар можен начин. Превртената купола пак им овозможува на посетителите непречен поглед на небото. Кулминацијата од овој простор е пресекување на хоризонтот и фокусот на небото, вистинска средба со универзумот.