Покрај генетските предиспозиции големо влијание на густината на косата има и начинот на кој се грижите за неа. Изборот на шампон е важен бидејќи тој ја чисти и штити косата од нечистотија, штетното влијание на загадувачите, габите, бактериите и вишок масла.

Иако можеби многумина не се сложуваат но постои голема разлика меѓу „комерцијалните” шампони и оние формулирани специјално за мажи. Без разлика дали сте во потрага по шампон кој ќе ви помогне во искоренување на првутот или ќе превенира опаѓање, правилната формула ќе направи голема разлика и ќе ви помогне во постигнување на посакуваните резултати.

Но запомнете, исто така не смеете да претерате со миење, нека ви биде рутина да ја миете косата со шампон два до три пати во неделата со цел да ги задржите природните масла на косата кои и даваат сјај. Еве избор од неколку шампони:

1. Horace против првут: шампонот се состои од 96,43 проценти природни состојки, кои ефикасно го елиминира првутот и спречуваат повторно враќање, даваат волумен на косата, го штити скалпот од габи и бактерии а во исто време и ја навлажнува косата. Од производителот се препорачува да се користи во рок од еден месец, а потоа да се комбинира (не во исто време, туку наизменично) со поблаг шампон.

2. Kiehl’s Sunflower Colour Preserving: фарбаната коса веќе не треба да ви биде проблем, бојата останува свежа подолго отколку претходно, поради сончогледовото масло и маслото од кајсија сувата коса е минато, а поради витамините и УВ заштитата кои ги содржи косата е витална и заштитена.

3. Le Labo: со формулата базирана на растенија овој миризлив шампон ја негува косата и го враќа сјајот, виталноста и раскошот на оштетената коса. Во изборот на овој шампон можеби вашата поубава половина би ви потврдила дека екстрактот од ориз кој го содржи навистина ја обновува оштетената коса и го поттикнува нејзиното растење.

4. Malin + Goetz’s: ботанички производ направени од семе од грозје, лаванда, кајсија искомбинирани со пантенол и сопствена технологија на хидратација на база на аминокиселини. Едноставно ќе се зачудите кога ќе почнете да го користите, бидејќи сјајот, влажноста, виталноста ќе се врата а оштетувањето од сонцето и другите фактори на средината ќе бидат минато.

5. Aesop Equalising: со својата природна мешавина на анасон, еукалиптус и нежната формула овој шампон е насочен кон чистење на влакното и скалпот од нечистотиите и акумулираните масла кои не му дозволуваат на влакното да дише, но формулата на овој шампон истовремено не ја суши косата туку напротив ја прави по витална.

И на крај секако прочитајте го упатството за употреба на секој шампон, бидејќи секој производител има различни инструкции за користење, а ова не се „комерцијални” шампони. Специјалната формула е наменета да ви помогне, а резултатот е најдобар доколку се придржувате до правилата за користење. И секако ако ставите поголема количина шампон не значи дека ќе добиете побрз и подобар ефект.