ORB, хромирана сфера со радиус од 50 метри е проект на студент по архитектура во Солун. Целта на оваа сфера е модернизација на урбаниот пејзаж на територијата на Солун. Оваа сфера ORB е предвидено да биде исполнета со топол воздух или хелиум, да биде сместена на солунското пристаниште и да функционира како воздушна антена што емитува сигнал и Wi-Fi.

Докажано е дека овој тип на антени се 40 проценти финансиски поодржливи и поеколошки бидејќи нејзиното емитување на штетни гасови е еднакво на 15 обични антени. Сферата која во текот на ноќта ќе свети како огнена топка служи како урбан кондензатор, апсорбирајќи ја енергијата на градот притоа враќајќи ја назад на динамичен начин.

Предвидено е ORB да се смести на солунското пристаниште без да се градат облакодери, користејќи ги постоечките градски градби. Целта на архитектот е запазување на еколошките стандарди на 21-виот век без нарушување на блиските екосистеми.