Кој мисли дека може да си дозволи и дека таква авантура вреди за сите тие пари, повторно на сцената за секси доживувања се враќаат секс островите (Sex Island). Ваквото крстарење е замислено на патниците да им овозможи неверојатно количество забава за возрасни, на отворено море, и тоа од 14 до 17 декември годинава.
Целата огранизација е на брендот Good Girl Company, кој подготви и промотивно видео, кое само по себе многу ветува. Информациите на сајтот за овој настан велат дека сè се случува на приватен остров во сопственост на брендот.
Се нуди ужување во друштво на сто прекрасни девојки, со два диџеја кои пуштаат музика 24 часа дневно и тоа во амбиент во кој наркотиците не се забранети. Сите девојки што се таму имаат задача да ги задоволат гостите и да направат да се чувствуваат како кралеви.
Ако гостите имаат некоја одредена фантазија, треба само да го известат домаќинот или некоја од девојките и сигурно ќе им се реализира. За здравствена безбедност на секс-гостите на островот, нагласено е дека сите девојки се тестирани и немаат сексуално преносливи болести.
Сепак, организаторите имаат строга политика кога станува збор за користење на презервативите, па на островот можат да се најдат во неограничени количини. Гостите можат да се забавуваат со девојките на луксузна јахта, на џет-скијање, на терен за одбојка и на прекрасни плажи…
И досегашната понуда ја буди фантазијата, но тоа не е сè.
Гостите добиваат неограничен секс со две девојки дневно, но и замена на девојките со други гости е исто така дозволена. Освен тоа, пакетот ги вклучува и сите оброци, ужини, алкохолни пијалоци, превоз од и до аеродром, забави на јахта, приватни соби со тушеви, клима, интернет и неограничена количина презервативи.
Со оглед на тоа што се е достапно во оваа понуда, ваучерите за овој настан се достапни за 6.000 долари. Педесет гости можат да бидат на бродот во тој момент. Судејќи според сè, целата приказна се случува во карипското пристаниште, Картагена.
Историски, ова место отсекогаш се поврзувало со опасните наркокартели, кои сега веќе ги нема многу, за разлика од Колумбија. Сепак, билетите за секс-островот од машките фантазии се ограничени на 50, а времето за резервација за првата тура наближува.