Разбудете ја имагинацијата. Наместо одмор на песочна плажа, со високи температури под сонцето, посегнете по поинаква авантура. Сега имате опција да планирате поинаков одмор. Северниот пол се подготвува за сериозна туристичка сезона која ќе направи да заборавите на Малдиви и Сејшели.
Ако помислата на спиењето под северните светла прави да се чувствувате како Супермен, најсеверниот хотел на светот е вистинско место за вас. Го носи името North Pole Igloos, а се наоѓа во Свалбард, Норвешка.
Станува збор за комплекс луксузни иглу – тркалезни куќички кои даваат неверојатно искуство за вистинските љубители на авантурите. Комплексот се состои од 10 високо опремени куќички со греење и бања, стаклени ѕидови и плафон за да не пропуштите ниту една глетка на аурора бореалис, пешачење и планинарење низ снежните падини со водич, одлична храна. Сè што ви треба се околу 100 илјади долари и слободно време во април да отпатувате до Северниот пол. Само тој месец од годината е доволно безбеден да се патува во овој дел.