Sesamo, интересно име кое стои позади колекција на додатоци за бања чие име навистина одговара. Arkimera architecture and design, стојат позади оваа иновативна колекција која драматично го надминува концептот на додатоци за бања, што ги прави невидливи, а сепак достапни само кога е потребно.
Изработени од не’рѓосувачки челик, оваа колекција нуди максимална хигиена и функционалност. Опционален надворешен изглед на додатоците е земен во предвид од страна на дизајнерите. Целта на дизајнерите била достигнување на максимумот преку истакнување на минимумот. Создавањето на додатоци кои стануваат видливи само кога ви сепотребни е револуционерно решение иако за некои многу стерилно.
Четка, сапун, четка за заби, држачи за пешкири, паста за заби, корпа за отпадоци, тоалетна хартија, разни предмети има на повидок само кога е потребно, така што нема визуелно нарушување а окото е фокусирано на архитектурата на бањата. Со други зборови, Sesamo овозможува да се одржи естетската димензија на бањата