Германскиот производител на аудио опрема Sennheiser, ја одбележува својата 75- годишнина со ограничено издание на модел кој е стар повеќе од триесет години. Во чест на ова достигнување брендот своите HD 25 слушалки, кои се и една од најпопуларната линија на слушалки, ги лансира во интересна жолта боја, создадена специјално за оваа промоција.

Интересно е и тоа што до овие ограничени 25.000 парчина од HD 25 нема да можете да дојдете едноставно само со купување, туку за да ги добиете ќе треба да нарачате редовен пар на HD 25 од продавницата на Sennheiser и да се надевате дека кога ќе ви пристигнат на врата ќе добиете од примерок „ограничено издание”.

Овие слушалки доаѓаат со доста интересна историја. Меѓу 1989 и 2004 година, слушалките им биле достапни на патниците на Concorde, а денес овие слушалки кои немаат активно блокирање на бучавата, туку нивниот дизајн е одличен при пасивно блокирање, е доста популарен кај многу диџеи.