Sennheiser со своите MOMENTUM True Wireless 2 Anniversary изданието ја прославува долгогодишната традиција на бренд кој обезбедува квалитетни звучни производи. Спецификацијата на овие „earbuds” не се разликува од спецификацијата на MOMENTUM True Wireless 2 кои беа лансирани оваа година, но Anniversary изданието воведува нова боја која го истакнува логото на брендот.

Слушалките користат Bluetooth 5.1, додека пак 7-милиметарските динамички двигатели создаваат супериорен стерео звук со длабок бас, природни средини и јасни високи тонови. Слушалките имаат и True Wireless’s Active Noise-Canceling технологија која целосно ги изолира надворешните звуци. Anniversary изданието на MOMENTUM True Wireless 2 има Smart Control прилагодување на звукот кое како еквилајзер им дозволува на корисниците изменување на басот, средините и високите тонови.

Дополнително, функцијата Transparent Hearing овозможува мешање со амбиенталениот звук со само еден допир за корисниците повторно да го слушнат надворешниот свет. Овој производ на Sennheiser може да користи говорен асистент како Siri. Слушалките True Wireless 2 се IPX4 сертифицирани, што значи дека може да се справат со вода или пот. Сите овие карактеристики се подржани со добар дизајн и секако прифатлива цена од околу 300 американски долари за ваков еден производ.