Чекањето на семафор е фрустрирачко во ова време кога секогаш брзаме. А исто така и знаеме колку не го почитуваме семафорот. Австриски истражувачи можеби имаат решение за овој наш проблем. Тие развија семафори опремени со камери кои ги откриваат намерите на луѓето кои сакаат да ја преминат улицата.
Компјутерскиот систем со кој се поврзани овие семафори скенираат површина од 8 метри и испраќа сигнал до светлата кога ќе видат едно или повеќе лица во позиција во рок од неколку секунди. Овој систем дури може да го зголеми траењето на зеленото светло во зависност од бројот на пешаци.
Тимот го има земено во предвид и проблемот со нарушување на приватноста, па објаснуваат дека камерите се потпираат на геометриски информации само за да се измери намерата на пешаците и дека системот не може да ги препознае поединците дури и ако е целосно поврзан. Ова истражување првично е поставено во област во Виена каде има цел да го замени системот со копчиња на семафорот до 2020 година.