Последните истражувања тврдат дека сексуално преносливите инфекции се почести кај возрасните мажи, отколку кај тинејџерите.
Според податоците од од базата на јавното здравје во Англија, во денешно време, сексуално преносливите инфекции стануваат почеста појава кај средовечните мажи, отколку кај тинејџерите. Изгледа дека сепак, апликациите и социјалните мрежи го подобрија сексуалниот апетит кај постарите мажи.
Истражувањето, кое се однесува на Обединетото кралство, покажува дека кај момчињата од 13 до 18 години регистрирани се 21.438 инфекции, вклучувајќи ги и кламидија, гонореја и сифилис. Ова се однесува за податоци од 2018 година, а во кои кај мажите од 45до 64 години регистрирани се 23.943 случаи на сексуално преносливи инфекции. Јавното здравство во Обединетото кралство регистрира пораст од 18% кај мажите меѓи 45 и 64 години, за разлика од 2014 година. Некои од експертите сметаа дека оваа промена се должи на достапноста на апликации за состанување како Tinder или социјалните мрежи.
И додека кај мажите до 64 години процентот расте, кај момчињата во тинејџерските години, процентот опаѓа за 16% за разлика од 2014 година. Дали ова се должи на поздравиот, совесен начин на живот кој го водат денешните млади момчиња или на тоа дека сексот сè уште претставува табу тема во некои повозрасни кругови?