Кога сексуалните желби ќе ви го преземат секојдневниот живот, време е да побарате помош. Сексуалната зависност постои, а ова се нејзините основи.

За многу мажи, задоволување на сексуалниот нагон секојдневно, 7 дена во неделата можеби звучи како рај. Но, што ако на сметка на тоа запоставувате сè околу себе: семејството, пријателите, работата. 3 до 6 проценти од популацијата страна од сексуална зависност

Како да ја препознаете?

„Состојбата се карактеризира со четири критериуми,“ вели д-р Тедиум Бирчард, психосексолог и психотерапевт. 

  • Сексуалното однесување е надвор од контрола и го зазема секој дел од секојдневието.
  • Иако човекот се обидел, не може да престане
  • Продолжува со своите постапки, без разлика колку страшни се последиците
  • Сексот има анестезиолошка функција – ја отстранува болката како што тоа го прави пијалакот за алкохоличар. 
Можете ли да ја третирате сами?

Можеби звучи едноставно, но е далеку од тоа. „Оргазмот е моќна алатка и сè поврзано со него е крајно тешко да се одврзе“, вели Бричард. Помага ако откриете кои/што се поттикнувачите на сексуалната зависност и да се обидете да ги отстраните од своето опкружување. Тоа е сличен механизам за справување како со цигарите. Наместо тоа, џогирајте, вежбајте или разговарајте со пријател. Разговорот, советуваат експертите е многу важен. А секогаш можете да разговарате со психолог.