Нејзиното име е Сара Греј. Има 31 година и работи како докторка во болница во САД. Гордо ја носи титулата „Докторката со најмногу тетоважи во светот“.
Нејзината прва љубов е медицината, бидејќи обожува да им помага на луѓето. Но, станала опседната со тетовирањето, па многу бргу по првата тетоважа сакала да го наслика секој дел од телото со нова слика. Првата тетоважа ја направила на 16 години, а вели дека нејзините тетоважи им помагаат на пациентите да го одвлечат вниманието.
Секако, најчестите пациенти на Сара се и здравите мажи, кои доаѓаат да поразговараат до неа и да имаат прилика да ја видат. Дали се виновни, проценете сами…