Да се издржи подолго време во кревет може да претставува вистински предизвик, но како и кај секоја друга акција, постојат работи кои можеме да ги направиме за своите перформанси да ги поправиме кога станува збор за издржливоста и времетраењето… Исто како што внимателно би го слушале својот тренер кога сакаме да ги поправиме своите спортски или физички вештини со текот на времето, така треба особено внимание да обрнеме и на некој кој вели дека е секс тренер и дека може да ни помогне да станеме подобри, односно поиздржливи во креветот.

Роса Максвел има неколку професионални совети кои можат да ни помогнат да ја пролонгираме и одложиме нашата ејакулација. Разговарајќи неодамна со водителот на The Fellas емисијата, Роса истакна: „Кегеловите мускули се една мускулна група во вашата карлица, во која има доста различни сетови на мускули. Благодарение на тоа, со контракција и опуштање на овие мускули, вие ќе ги зајакнете. Ова може да ви помогне да ја контролирате ејакулацијата. Она што го правам јас вклучува и техника за дишење, поточно посебни техники, како и оние кои можете да ги правите додека вдишувате и ги потиснувате тие мускули. Со цел да создадете контракција, морате непрекинато да изведувате потег како кога би сакале да се воздржите од мокрење или вршење на голема нужда. Чувството е исто“.

Нема ништо лошо во краткото траење

Роса исто така нагласи дека сексот не се сведува само на неговиот климакс, ниту се заснова на нашата ејакулација, додавајќи дека просечното траење на сексуалниот чин всушност не е толку долго колку што многумина сметаат. Како што додава таа:

„Траењето на сексуалниот однос е голема несигурност која мажите можат да ја доживеат. Пред се, сакам да кажам дека просечното време на добар сексуален однос е околу седум минути. Секој е прилично поинаков, додека сексот секако не мора да биде само пенетрација, ниту било што слично. Поради тоа, дури и ако вашиот машки оргазам е брз, навистина е важно да знаете дека сето тоа е нормално и јас сакам да ги нормализирам тие работи. Луѓето не смеат да чувствуваат срам околу тие работи, бидејќи голем дел од мојата работа е всушност симнување на чувството на срам од сето тоа, бидејќи ова чувство и набивањето на тензија околу сето тоа е потполно непотребно, а срамот е глупава емоција“.

„Доколку доживувате оргазам брзо по стартувањето и помислите дека бил извонреден, тогаш тоа е совршена точка од која можете да тргнете понатаму. После тоа можете да поминете време задоволувајќи ја својата партнерка, доколку таа тоа и понатаму го сака секако, доведувајќи ја и нејзе до оргазам, со што ја продолжувате сексуалната забава. Токму поради тоа, ништо всушност не завршува тогаш кога една од вклучените страни доживува климакс“, вели овој секс тренер.