Мажите и жените не секогаш се сложуваат околу тоа што за нив значи одличен секс. Поради различните анатомии, она што се чини како задоволувачки за едниот партнер, може воопшто да не биде импресивно за другиот. Во оваа битка на задоволства меѓу половите, дамите се тие кои најчесто губат. „Односот како таков се чини дека е создаден на тој на чин да му даде задоволство само на мажот“, вели Дебра Кост, клинички сексологист и лиценциран терапевт.

Сепак, постои надеж за мажите кои сакаат да им пружат задоволство на своите понежни половини и тоа во форма на релативно едноставни секс позиции, специјално направени за да се задоволат дамите.

1. На работ на креветот

секс

Оваа позиција е заеднички фаворит и за мажите и за жените, со оглед на тоа дека вклучува длабока пенетрација. Жената лежи на нејзиниот грб (колковите на работ од креветот), а мажот пенетрира од под нејзините нозе. Нејзините нозе може да се потпрат на вашето торзо или може да ги позиционира нејзините стапала на вашите гради, опции кои и овозможуваат да има контрола околу тоа кој агол најмногу и одговара.

2. C.A.T.

Coital Alignment Technnique или CAT, е пенетративна секс позиција наменета за стимулација на клиторисот. Ова е модификација на мисионерската поза каде жената ги има нејзините нозе споено, а мажот раширено. Мажот ги користи своите нозе за да го движи целото свое тело. Во оваа позиција, мажот ќе може да пенетрира многу малку во вагината, но нема простор за грижи, бидејќи и покрај тоа ќе добиете доволна задоволувачка сензација.

3. Амазон

секс

Уште од старт треба да се напомене дека оваа позиција бара дополнителен напор и флексибилност, но се исплати ако сакате да ја задоволите вашата дама, со тоа што ќе и понудите доста контрола. За да се наместите во Амазон позицијата, треба да легнете (мажот) на својот грб и да ги приближите колената до вашите гради. Потоа жената клекнува врз него, а вашите нозе застануваат врз нејзините.

4. Неделно попладне

Леснотијата на оваа позиција е инспирација за името, а исто така е и уште еден одлчен избор за целосен пристап до клиторисот. Оваа позиција е варијација на „Х“ позицијата. Конкретно, мажот легнува на страна, а жената легнува на нејзиниот грб. Таа ја става едната нога врз неговиот колк, додека другата може да ја замотка околу неговата долна нога за да го доближи поблиску до себе.

5. Pirate’s Bounty

Ова е за двојките кои бараат нешто надвор од нормативното. Оваа позиција овозможува и длабока пенетрација и стимулација на клиторисот, па така ова е „вин-вин“ ситуација. За да се најдете во оваа позиција, жената мора да легне на својот грб, а мажот да клекне. Потоа, таа ја става една нога на вашето рамо, а другата околу вашето бедро. Уште ако ставите перница под вашата понежна половина, тогаш искуството ќе биде уште подобро.

6. Mastery

секс

Оваа верзија кога жената е врз мажот не бара многу физички напор од партнерите, но и дава контрола на жената, а вие добивате пристап до нејзиниот клиторис и градите. Вие и вашата нежна половина сте насочени еден кон друг во оваа позиција, со тоа што вие сте седнати, а таа е во вашиот скут. Оваа позиција овозможува голема разноликост.

7. Доги стајл

За оваа позиција не треба некое посебно претставување и навистина, било која варијација на оваа позиција може да биде врвен избор за да направите вашата даа да се чувствува фантастично. Оваа позиција и овозможува да има одредена контрола врз темпото и овозможува лесна клиторална стимулација со едната ваша рака.

8. Ножички

секс

Оваа позиција е вистински предизвик за јасно објаснување, но всушност е мошне едноставна. Жената легнува на нејзиниот грб, а вие треба да пенетрирате во неа од страна. Ова и овозможува на жената да го стимулира својот клиторис со помош на вашата нога.

9. Cowgirl

Сите мажи ја обожаваат оваа позиција бидејќи ни нуди одлична глетка, а минималниот напор некогаш знае да биде и добредојден. Но, оваа позиција ја сакаат и дамите бидејќи им овозможува контрола врз брзината, длабочината и аголот на пенетрација, а притоа мануелната стимулација на клиторисот е едноставна за двата партнери.

10. Омилената „позиција“ на секоја жена

Ако сакате да дознаете која позиција најмногу и се допаѓа на вашата партнерка, прашајте ја. Дури и ако не е сигурна што точно и одговара, сигурно има барем некоја идеја за типот на секс кој ја надразнува. За некои жени задоволството доаѓа кога се лице во лице со својот партнер, а за други пак особено функционира еротското допирање.