Дали е неопходно да се тушираме баш секој ден? Ако не секојдневно, тогаш колку често е оптимално?

Не постои еден точен одговор на прашањето: Дали треба да се тушираме секојдневно? За многумина истово звучи смешно, бидејќи тие 10 минути во денот под млазот вода се единственото време кога мозокот и телото талкаат далеку од секојдневните обврски и одговорности. Но, дали е неопходно да се тушираме баш секој ден и ако не секојдневно, тогаш колку често е оптимално?

Накратко и наједноставно – фреквенцијата на туширање зависи од повеќе фактори, па се надеваме дека до крајот на статијава, ќе го најдете одговорот на горенаведеното прашање.

секојдневно

Кога треба да се туширате секојдневно?

Ако живеете во клима со висока влажност на воздухот, ако сте физички активна личност или ако имате нормална до масна кожа. Секое од овие три сценарија предизвикува затворање на порите, а со тоа и појава на акни, габични инфекции и непријатен мирис.

Кога треба да се туширате преку еден ден?

Кога воздухот е исклучително сув или студен или имате сува и чувствителна кожа. Комбинацијата на ветерот во зима и честото изложување на жешка вода и сапун, може дополнително да ја оштетат кожата на лицето и телото. Мажите со чувствителна, сува кожа или кожа подложна на егзем треба да го одбегнуваат секојдневното туширање, бидејќи сапунот и водата ги отстрануваат природните масла кои иритираната и сува кожа и онака ги лачи со потешкотии.

Секојдневно шампонирање на косата?

Ова прашање добива негативен одговор без разлика во каква клима живеете, од една едноставна причина. Секојдневното миење на косата ја осиромашува истата од природните масла одговорни за сјајот и волуменот.

Прекумерното миење придонесува кожата на темето да лачи дополнително природни масла па резултира со претерано масна коса или сува кожа на темето. Токму затоа, се појавува и првутот. Скратете го мието на косата на 3 до 4 пати во неделата. На почетокот можеби ќе ви изгледа невообичаено и тешко, но за неколку недели ќе имате значително подобар изглед на косата.