„Секој момент е важен“ гласи слоганот на кампањата за подигнување на свесноста за ракот на дојката на која се приклучи и брендот „Божиновски накит и часовници“
Ракот на дојка е болест која најчесто се јавува кај жените, но иако во помал број, не ги одминува и мажите. Во екот на месецот за борба против ракот на дојката, светските луксузни брендови ги обоија своите излози во розова боја во знак на поддршка, а истото го сторија и од „Божиновски накит и часовници“.
Од брендот напоменуваат дека часовникот, кој вообичаено се користи како моден детаљ, овој пат треба да има функција на потсетник, дека секој момент е важен. Има за цел да ја нагласи навремената превентивна проверка и заедничка борба против ракот на дојката.
Покрај брендирањето на излозите од продажните салони на компанијата секој ден по два часа, од 10:00 до 11:00ч претпладне и 17:00 до 18:00ч попладне до крајот на месецот ги означи како Розови моменти. Дел од средствата од сите продадени производи во тој временски период ќе бидат донирани на здружението за борба против рак на дојката „Борка“ за набавување на перики за жени на кои што им се потребни, а се од социјално загрозени семејства.