Многумина од нас во минатото, па и децата сега, ја замислуваат иднината со летала околу себе, нешто слично како „Back to the Future”. Или со роботи кои го чистат вашиот стан, нешто слично како „The Jetsons”. Меѓутоа мора да признаеме дека иднината е веќе тука. Уште еден потсетник за тоа колку технологијата напредува е и Segway S-Pod.

Segway S-Pod Инспириран од филмот „Jurassic World” од 2015 и нивните „Gyrosphere” Segway го создава само-балансирачкиот S-Pod кој се движи со брзина од 39 километри. S-Pod се управува со таканаречениот „интуитивен помошен навигационен панел”. Иако S-Pod може да се види на аеродроми, трговски центри и тематски паркови, крајната цел на компанијата е да се понуди во градовите за да се олесни мобилноста.