UNESCO (United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization) е организација која е основана во 1946, која покрај другите цели е и целат за промоција на културата какo мeтoд за подобрување на почитувањето на правдата, законите, човековите права и основната слобода. Секоја година оваа организација додава обележја на списокот за Светско Наследство, од манастири и храмови до шуми населени со загрозени видови, до градови кои навистина треба да ги видите.

1. Jaipur City, Индија

Доволно е само да се погледнат палатите и тврдините во розова боја и ќе сватите зошто конечно овој град каде преовладува Индо-Персиска архитектура стана UNESCO дестинација. Освен ова културно наследство тука е интересен и спојот на град со западните методи на планирање со древниот хиндуистички кој го дели градот на сектори, а секако најбитно е да се посети тврдината Амер Форт од 16-тиот век, градската палата Хава Махал на која има 953 прозори.

2. Национален парк Vatnajökull, Исланд

Најголемиот Национален парк во Западна Европа, 8000 квадратни километри масивни глечери и формации на мраз. Овој парк брои десет централни вулкани од кои два се водат како најактивни. Интеракцијата помеѓу вулканот и просторот под ледената капа има многу форми од кои најспектакуларна е jökulhlaup која претставува ненадејна поплава предизвикана од кршење на маргините на глечерот за време на ерупцијата.

3. Bagan, Мјанмар

Лавиринт од околу 3.500 будистички храмови и манастири кои се издигаат од рамнините на Bagan. Одблизу храмот Lawkaoushaung е познат по фантастичниот поглед на зајдисонце, Ananda има позлатени кули и буди кои можете да ги видите единствено доколку направите тура со балон.

4. Архитектура на 20-от век на Френк Лојд Рајт

Можеби не е храм но е нешто што заслужува да биде видено. Осум обележја на овој архитект, UNESCO ги има назначено како структури значајна за развојот на модерната архитектура на 20-от век, од кои најпознати се Fallingwater House во Пенсилванија и музејот Соломон Р. Гугенхајм во Њујорк.

5. Наше Охридско Езеро

Иако Охрид одамна ја има заработено ознака за светско наследство на UNESCO, во 2019 година на листата е додадено и Охридското Езеро како едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа. Може е време еднаш да го истражиме овој град и езеро како туристи.

6. Bom Jesus do Monte во Брага, Португалија

Лоциран на падините на планината Espinho, ова севтилиште во барокен стил претставувало место за аџилак. Прославените скалила на Петте сетила посетителите морале да ги искачат за да ја докажат својата вера.

7. Шумите Хиркан, Иран

Овој уникатен шумски масив што се протега на 850 км долж јужниот брег на Каспиското Езеро датираат од пред 50 милиони години и се дом на најскапоцените диви животни во Иран меѓу кои 180 видови на птици и 58 цицачи, вклучително и загрозениот персиски леопард. Покрај бујната вегетација прошетка низ Националниот парк Golestan и долината Alamut ќе ве одведе до древни структури како што е замокот Alamut, заштитените села, локалните фарми за чај и магливите природни предели.