Промените во светот имаа влијание и врз CES 2021, но неможе а да не се споменат најзначајните моменти од истиот. Интересни технолошки достигнувања имаше многу, од кои како најдобри се издвојуваат иновативни секс играчки, AI робот миленичиња и други.

Drift, Sway & Tilt секс играчки на Лора ДиКарло кои ја рекреираат „топлината на човечкиот допир“. Овие играчки користат топлински спроводливи пластики за да го зголемат протокот на крв кај корисниците и да го подобрат сексуалното задоволство.

TOTO таканаречен велнес тоалет кој го анализира фецесот на неговиот корисник. Користејќи придружна апликација TOTO нуди информации за тоа како да ја подобрите вашата исхрана или за здравјето на корисникот.

CES 2021

MOFLIN кој ја доби наградата „Best Innovation Award in Robotics“ претставува AI робот милениче. Ова милениче користи алгоритам кој му овозможува да научи и да развие индивидуалност од интеракциите со неговите сопственици.

Smart Trainer на Samsung претставува нова функција во апликацијата Samsung Health кој има за цел да биде личен тренер со функција да ги следи движењата на корисниците и да го анализира нивното држење во реално време.

Project Hazel на компанијата Razer, претставена како „најпаметната маска за лице во светот“ што е безбедна, социјална и одржлива. Концептниот транспарентен дизајн кој овозможува полесна комуникација со луѓето вклучува активни вентилатори.

Yves Saint Laurent Beauté Rouge Sur Mesure миксер за кармини. Интересно, овој миксер им дозволува на корисниците да создадат свои индивидуални нијанси на кармини. Со помош на апликација корисниците можат да експериментираат со нијансите кои ќе им одговаарт на облеката и сликите кои ги поставуваат.

Bot Handy од Samsung, уште еден концепт на јужнокорејскиот технолошки гигант кој претставува роботска рака која се движи на тркала и има цел да ви помогне при домашните обврски. Роботот има камери на своето тело кои му помагаат при осознавање на околината, а можете да го користите дури и за да ви донесе чаша вино по напорниот ден.

CES 2021