На мапата постојат места кои не се туристичка атракција, но поради нивната убавина вреди да се видат. Овие градови како од бајка може ќе бидат додадени на листата на дестинации за вашето следно патување.

Кудилеро, Шпанија- Градче каде куќите се во пастелни бои изградени на ридстко земјиште кое како да се слева во морето. Ова градче кое се наоѓа на брегот на Амалфи е едно од најубавите рибарски села. Со пристаниште и ресторани во кои ќе ве послужат со свежа морска храна.

Егер, Унгарија- Ова историско градче кое се наоѓа во северна Унгарија вреди да се посети. Лавиринтот од тесни улици изобилува со шармантни кафулиња, продавници за вино кои ја продаваат познатата црвена мешавина Egri Bikavér, уште позната како „Бикова крв” и места каде доминираат прекрасно гадби како барокната Миноритска црква и неокласичната Базилика. По искачувањето на терасите на замокот Егер од 13-тиот век, одморете се во некоја од познатите турски базени.

Ширакава, Јапонија- Планинско село каде снегот практично го покрива ова историско место. Уникатните gassho-zukuri градби кои се изградени за да ја издржат тежината на снегот, пренаменети се во музеи и шармантни куќи за гости. Нурнете во руралниот живот кој може да го видите само овде.

Марибор, Словенија- И покрај тоа што е втор по големина град во Словенија, Марибор се доживува како мал град. Пролетта и летото се прекрасни годишни времиња за шетање по улиците особено по квартот Лент. Прошетајте во барокниот замок од 15 век во кој има живописна витешка сала и збирка на локални артефакти. Ова е место кое сакате да го посетите дури и на есен кога зеленило совршено си одговара на портокаловите кровови, а зимата може да ја искористите за скијање на блиското Mariborsko Pohorje.

Гасадалур, Фарски Острови- Посетата на ова изолирано, карпесто село со популација од 18 жители на островот Воар, може да ви стане обред доколку сакате пејзажни фотографи. Доаѓањето дотука бил вистински предизвик порано поради планинскиот терен кој бил единствен пристап до селото во минатото. Но изолираноста на селото и намалувањето на населението допринело да се изгради тунел кој ќе го олесни пристапот.

Бајројт, Германија- Град кој датира од 1194 година, а кој ја доживува својата златна ера за време на владеењето на Фридрих и неговата сопруга Вилхемина. Таканаречените „Бајројт Рококо“ градски зданија го одземаат здивот, вклучувајќи ја и Margravial Opera House. Денес овој град е културна централа, најмногу поради Бајројтскиот фестивал кој се одржува секоја година а се прикажуваат опери на германскиот композитор Рихард Вагнер.

Бибури, Англија– Ова ридско гратче е назначено за „најубаво село во Англија“ од страна на уметникот и занаетчија Вилијам Морис. Куќи кои датираат од 17-тиот век кои ги имаат задржано своите карактеристики, Арлингтон Роу и мостовите на реката Колн се вистинска атракција.