SEA STEM е подвижно живеалиште кое е замислено за автономно живеење на море. Овој амбициозен концепт кој претставува целосно самоодржливо живеалиште со минимално влијание врз животната средина, првично би бил стациониран на 12 километри од пристаништето Палавас на југот на Франција.

Проектот развиен од Матејо Колос, е одговор на зголеменото ниво на морето, со идеја за ориентација кон морето наместо градење на насипи и ѕидови. SEA STEM е 100 проценти автономно живеалиште во поглед на енергија, бидејќи живеалиштето ги користи сонцето, ветрот и брановите за создавање на енергија.

Всушност живеалиштето исто така е и 100 проценти автономно во поглед на производство на храна благодарение на пермакултура и аквакултура, 100 проценти автономна во поглед на вода благодарение на дождовницата и системот за филтрирање на морската вода, 100 проценти автономна при управување со отпад благодарение на повторната употреба на отпадот од храна.

Проектот е треба да биде 100 проценти финансиран преку програма за еко-туризам и научни истражувања. SEA STEM со длабочина од 50 метри може да обезбеди растење на морскиот животински и растителен свет, служејќи како гребен. За почеток тука ќе има ресторан кој ќе готви храна исклучиво од сопствената градина, додека останатиот дел ќе биде истражувачки центар и центар за развој на нови идеи за ваков тип на „еволуција“.