Тестостеронот е еден исклучително критичен хормон. Бебињата се среќаваат прв пат со него во матката, тој е оној кој ја предизвикува разликата меѓу машките и женските деца, а во пубетретот е одговорен за растот на коските и мускулната маса, влијае на производството на црвените крвни зрнца и промените во расположението. 

Но, неколкумина експерти советуваат дека во последниве неколку години, компании и статии го форсираа тестостеронот и неговиот недостаток во организмот, и колку тоа е погрешно. Многу информации направија голема конфузија кај мажите. Дали е застапен во голема или помала количина и дали тоа ќе влијае врз здравјето, квалитетот на животот, зависи од повеќе фактори. 

Препознајте го ниското ниво на тестостерон

Според статистика во САД, повеќе од 5 милиони (претежно постари) мажи имаат ниско ниво на овој хормон. Симптомите кои укажуваат дека имате ниско ниво на тестостерон се: проблеми со ерекцијата, недостаток на енергија (постојан замор без разлика што правите), намалено либидо.

тестостеронот во крвта

Правилно мерење

За да добиете вистинска бројка за нивото на тестостеронот, потребно е мерењето да го направите два пати, бидејќи нивото постојано се менува. Највисоко е наутро, па ако сте млади и имате вообичаен распоред на спиење, најдобро е тестирањето да се случи до 10 часот наутро. Ако сте над 50 годишна возраст, сеедно е.

Нивото на тестостерон од 264до 916 нанограми на децилитар крв, вообичаено се смета за нормално. Ако сте близу 264 и се чувствувате добро, не сте ништо помалку здрав од човек со ниво 700, кој исто така се чувствува добро. Сепак, постои некоја теорија дека ако се присутни симптоми на низок тестостерон и нивото е по 300, припаѓате во групата со ниско ниво на тестостерон. 

Што да преземете во случај на низок тестостерон?

Првата и основна работа која треба да ја направите е да почнете да живеете поздраво: намалете го стресот, спијте повеќе и намалете ги килограмите – ензим во масното ткиво го претвора тестостеронот во естроген. Тоа е една од причините поради која кај мажите со поголема тежина се појавуваат и гради. Освен подобрување на исхрана и животните навики, нискиот тестостерон бара консултација со лекар и соодветна терапија.