Промените кон одржливо живеење наведува конзумирање на растителна храна. Па така млекото како еден од продуктите кои се често користени имаат своја алтернатива. Кравјото млеко се смета за главен дел од исхраната на многу луѓе, но нетолеранцијата на лактоза, ограничувања во исхраната и етичките преференции ги тера луѓето да ја откријат убавината и во не-млечните опции.

Интересно е што доколку сакате да го замените млекото како алтернатива имате скоро неограничен избор. Еве едно мало објаснување од нас за типовите на алтернативи на млеко и на што да внимавате при изборот.

Млеко од соја – можеби една од најдостапните алтернативи која според калориите и нивото на протеини во него, кои се доста блиску до кравјото млеко, е најдостојна замена. Една чаша обезбедува 4 грама маснотии, 1 грам влакна и 7 грама протеини, а доколку не ви се допаѓа јаткастиот вкус кој го има можете да изберете од опциите со вкус на ванила, чоколадо или јагода. Единствено нешто на кое би требало да обрнете внимание при купување е дали сојата од која е направено млекото е органска или ГМО, бидејќи знаеме дека 93 проценти од сојата е ГМО.

млекоБадемово млеко – пријатно, вкусно и малку слатко, бадемовото млеко е друга популарна алтернатива која е богата со калциум, витамини Е и Д. Можеби оваа опција е посоодветна за луѓето кои се грижат за внесот на калории, бидејќи ова млеко има помалку калории споредено со кравјото и другите алтернативи, односно има само 39 калории во чаша. Но поради ниското ниво на протеини, дури 1 грам во една чаша, оваа алтернатива не е добра долгорочна замена за кравјото млеко.

млекоКокосово млеко – производ кој можете да го употребите скоро секаде, од традиционални таи јадења, до десерти и коктели. Како една од најздравите алтернативи кокосовото млеко е полно со здрави заситени масти, витамини, минерали (бакар, фолна киселина, селен и магнезиум) и аминокиселини. Повеќето луѓе го избегнуваат поради високата калориска вредност која ја има и недоволниот број на протеини.

Млеко од ориз – ова млеко со благо сладок вкус и нежна текстура често се споредува со обезмастено млеко. Оваа алтернатива е најпогодна за луѓе кои се алергични на млечни производи, глутен, јаткасти плодови и соја. Но сето ова доаѓа со ниска хранлива вредност, една чаша содржи 2 грама масти, 1 грам протеини и нема влакна, а поради високото ниво на јаглехидрати и брзата апсорпција млекото од ориз го подига нивото на шеќер во крвта многу брзо. Поради репутацијата дека оризовото млеко содржи значителни нивоа на неоргански арсен, кое е токсично, секогаш е препорачливо да ја проверите етикетата за да видите дека е тестирано и не ја содржи оваа состојка.

Млеко од овес – чаша содржи 120 калории и 3 грама протеини, што е повеќе за разлика од другите алтернативи (помалку од кравјото и соиното). Поради хранливите вредности кои ги има, како витамин Б12, рибофлавин и калциум и секако само 16 грама на јаглехидрати во чаша, овој производ е идеален за вашиот протеински шејк кој го конзумирате пред вежбање.

Млеко од макадамија – со неговиот богат и кремаст вкус многу брзо се издига на пазарот. Со третина од калориите (50-55 по чаша) и околу половина од маснотии на кравјото млеко, алтернативата од макадамија е погодно за луѓето кои сакаат да го намалат внесот на јаглехидрати. Овој продукт исто така има здрава доза на мононезаситени масти, витамин Б1, магнезиум и манган.

На што да внимавате при изборот!

Содржина на шеќер – изберете незасладени опции. Шеќери како фруктоза и малтодекстрин често се додаваат за подобрување на вкусот и текстурата. Ако не сакате да си го направите дома тогаш секогаш внимавајте на листата на состојки на амбалажата.

Адитиви – бидејќи растителните алтернативи имаат поретка и полесна текстура често се додаваат адитиви како сол, карагенан или растителни гуми со цел да се згусне млекото и да се добие поглатка текстура, а исто така и да се продолжи рокот на траење. Иако не се штетни за вашето здравје, со нивно додавање се губи поентата во усвојувањето на ваквиот животен стил.

Содржина на вода – комерцијалното бадемово млеко е претежно вода, поточно скоро 98%, додека останатите две проценти претставуваат само сок од пет бадеми. Некои производители продаваат производи во кои има дури 10 проценти на бадеми и најчесто тие се поскапи. Друга опција ви е да си подготвите бадемово млеко дома.

Табела со нутритивни вредности – пронајдете алтернатива која има слично количество протеини и јаглени хидрати со кравјото млеко – тоа се 8 грама и 12 грама соодветно. И секако како и кравјото млеко и овие производи се збогатени со витамини и минерали.