Apple официјално ја претстави својата целосна iPhone 12 постава. Пристигнува во четири различни „вкусови“, секоја верзија на iPhone 12 со себе носи различни големини, способности и секако – цени.

iРhone 12 Pro и Pro Max

iPhone 12

Најскапите и најдобрите iРhone модели продолжуваат да постојат преку Pro банерот. Покрај разликата во големината – 12 Pro има 6,1-инчен, а Pro Max 6,7-инчен екран – Pro серијата го појача и сензорот на камерата, новата засилена стабилизација на сликата, можноста да „фати“ 10-битна HDR и исто така може да снима видео во Dolby Vision. Новиот додаток на LiDAR исто така додава нови способности кои носат подобар фокус во фотографиите како и цел опсег на нови можности на проширена реалност (Augmented Reality). Ова се карактеристики наменети за професионалците, но исто така ќе им овозможи и на просечните корисници да направат неверојатни фотки и видеа.

iPhone 12

Pro сетот исто така се карактеризира и со 5G целуларни брзини и ги вклучува новите MagSafe конектори за полнење и додавање на аксесоарите директно на телефонот. iPhone 12 Pro е веќе достапен за преднарачка во САД и ќе пристигне кај купувачите на 23 октомври. Цената стартува од 999 долари за 128 GB опцијата. iPhone 12 Pro Max почнува од 1.099 долари и започнува со преднарачки на 6 ноември, а кај купувачите ќе пристигне на 13 ноември.

iPhone 12 и Mini

iPhone 12

Оние „не-Pro“ iРhone модели исто така добиваат 5G и MagSafe во својот „арсенал“. iPhone 12 ќе дебитира со 6,1-инчен супер ретина екран со керамичка прекривка со што станува екстра издржлив. Од друга страна, iРhone 12 Mini пристигнува со 5,4-инчен екран и ги има повеќето спецификации како и iРhone 12. Цената на iPhone 12 започнува од 799 долари за 64GB опцијата, додека пак за истата опција на iPhone 12 Mini ќе треба да издвоите 699 долари.

iPhone 12

HomePod Mini

Изненадувачки додаток на настанот на кој доминираше iPhone, Apple го претстави и HomePad Mini. Со овој гаџет, Siri доаѓа во вашиот дом за многу поприфатлива цена. Достапен во бела или сива боја, цената на овој уред е 99 долари. HomePod Mini ќе биде достапен за преднарачки од 6 ноември. Паметниот звучник на Apple добива некои од најдобрите аудио технологии на компанијата. Времето ќе покаже како ќе се снајде со останатите паметни звчници, вклучително и со „оригиналната“, поголема верзија – HomePod.