Save The Duck е бренд кој има „етички” пристап кон материјалите и дизајнерите, што додава поени кај нивните клиенти. Па така нивната летна колекција за оваа година може да се пофали со колекција која ја засилува потребата од испраќање на „зелена порака”.

Бидејќи сме свесни за влијанието на модната индустрија врз животната средина, оваа општествено одговорна компанија ни покажува дека можеме да изгледаме убаво без да и наштетиме на нашата животна средина. Почитувањето на планетата и сопствената цел за Save The Duck значи сто процентен фокус на производи без животни и суровост.

Посветеноста кон одржливи извори и кружната економија е тоа што го красат овој бренд. Проектот „10 реки 1 океан“ на истражувачот Алекс Белини ќе ја подигне свеста за штетата врз водите, а љубителите на оваа мала патка, можат да ги носат парчињата со гордост бидејќи спасиле многу патки, овци, води…