Линијата за долна облека на Ријана, Savage x Fenty, е жестока сама по себе, но шоуто Savage x Fenty Vol. 2 се покажа дека не е битна големината, обликот или бојата и дека треба да се прифатат сите типови на луѓе. За да се претстави тоа во шоуто учествуваа личности како Бела Хадид, Деми Мур, Парис Хилтон, Лизо, Ирина Шајк, Индија Мур, Нормани, Роди Рич, Мигел,  Вилоу Смит, Џиџи Гуд, Шеј Куле и други. И покрај тоа што обедини огромна листа на луѓе, се почитуваа мерките за заштита.

За крај во шоуто се означи лансирањето на машката долна облека на брендот, што неодамна беше претставена во кампања со Кристијан Комбс. „Не ми е гајле за големината, обликот или бојата. Ги прегрнувам сите жени.“ изјави Ријана за Vogue. Премиерата на шоуто Savage x Fenty Vol. 2  беше вчера, но истото може да се гледа на Amazon Prime.