По големиот успех во светот на жените брендот Savage X Fenty полека го освојува и машкиот пазар за долна облека. Кристијан Комбс се појавува како заштитно лице на колекцијата и како соработник. Целта на Ријана за оваа колекција била да созададе машка долна облека која секој може да ја носи.
Колекцијата вклучува повеќе од само долна облека, нудејќи им можност на мажите да ја истражат својата поавантуристичка страна. Машката колекција на модниот бренд за долна облека дефинитивно настапува храбро со парчиња како што се сатенски панталони со црн монограм. Официјалното лансирање е закажано за 2-ри Октомври 2020 година што се софпаќа со Savage X Fenty Vol. 2 шоуто кое ќе може да се гледа на Amazon Prime.