Саудиска Арабија ги претстави плановите за THE LINE, 170 километарски појас на заедници поврзани без потреба од автомобили или патишта. Проектот опишан како „револуција во урбаното живеење“, е претставен како нацрт за тоа како луѓето можат да коегзистираат во хармонија со планетата.

Тимот што стои зад проектот нуди заедница целосно ослободена од автомобили и патишта, со пристап до природата, AI хипер-поврзаните заедници која ќе се напојува со 100 проценти чоста енергија. Оваа заедница ќе биде лоцирана во NEOM, поврзувајќи го крајбрежјето на Црвеното море со планините и долини на северо-запад на Саудиска Арабија.

Проектот THE LINE, претставен од Мохамед бин Салман, принц престолонаследник и претседател на бордот на директори на компанијата НЕОМ, а во самата презентација изјави: „До 2050 година, една милијарда луѓе ќе мора да се преселат поради зголемувањето на емисиите на СО2 и нивото на морето. Деведесет проценти од луѓето дишат загаден воздух.; Зошто треба да ја жртвуваме природата заради развој?; Зошто треба седум милиони луѓе да умираат годишно поради загадување?; Зошто треба да губиме еден милион луѓе секоја година поради сообраќајни несреќи?; Зошто треба да прифатиме да губиме години од нашиот живот патувајќи? Едноставно треба да го трансформираме концептот на конвенционален град во футуристички“.

THE LINE е дизајниран да им олесни на луѓето притоа давајќи им повеќе време за здравје и благосотојба. Се очекува патувањата да не траат повеќе од 20 минути, вештачка интелигенција со достапните податоци ќе се користи за подобрување на инфраструктурните можности, со еколошка перспектива.

Проектот THE LINE се очекува да овозможи 380.000 работни места, да придонесе со 48 милијарди американски долари во домашниот БДП до 2030 година, да поттикне економска диверзификација. Изградбата на THE LINE започнуваа оваа година.