Од 2019 година, откако Саудиска Арабија ги отвори вратите за меѓународни туристи, силно се залага за привлекување луѓе од целиот свет. Од уметнички објекти среде пустина, линеарен развој на паметни градови поврзани без автомобили земјата минува низ длабока модернизација која има за цел да создаде нови извори на приход, и секако, работни места.

Овој пат тука е забавниот мегапроект Qiddiya чија конструкција започна во 2019 година, а сега беше објавено дека Falcon’s Flight Rollercoaster кој ќе биде дел од тој проект треба да стане најдолгиот, најбрзиот и највисокиот ролеркостер во светот. Всушност со приближно 4 километри должина, со највисока точка ос 160 метри овој ролеркостер кој користи магнетно забрзување на моторот (LSM технологија) и ќе постигне невидени брзини од повеќе од 250 километри на час. До 20 патници ќе можат да доживеат триминутна авантура при секое возење.