Samsung го претстави својот 110-инчен MicroLED телевизор од следната генерација скроен надополнување на дневната соба. Оваа MicroLED технологија се заснова на микроскопски лед диоди кои формираат индивидуални пиксели, притоа нудејќи подобар контраст и енергетса ефикасност.

Споредбено со OLED телевизорите, овие со MicroLED технологија се далеку посветли, нудат поширок спектар на бои и што е најважно не се подложни на согорување. Ако барате нешто за апдејт на вашето домашно кино, тогаш моментално Samsung 110 MicroLED е најдобрата опција.

Телевизорот нуди 4K HDR, поддржува формати HDR10 и HDR10 + (но не и Dolby Vision), нема рамка туку сликата е од раб до раб и може да се пофали со Samsungs Object Tracking Sound Pro технологија, што прави да изгледа како звуците да доаѓаат од луѓето и предметите во екранот. Samsung 110 MicroLED има TV tuner, и веројатно (не е потврдено) тјунерот ќе поддржува ATSC 3.0, поинаку познат како Next-Gen TV.

Овој телевизор ќе има можност за поделба на екранот на четири помали екрани. Деталите од типот на официјалното име и моделот на телевизорот остануваат нејасни, како и дебелината на истиот. Но и покрај тоа очекуваме разјаснување на деталите на CES 2021.