Вчера на настан во Њу Јорк беше претставен новиот Samsung Note 10 и Galaxy Note 10+. За прв пат, Galaxy Note се појави во две димензии и без приклучок за слушалки. Разликите во хардверот помеѓу овие два модела е мала.

Можност за 5G има моделот Samsung Galaxy Note 10+, но ако сакате помал екран тогаш изборот се сведува на 4G. Иако се шпекулираше дека ќе има меморија од 1TB, максимална меморија овој пат е 512 GB со поддршка на microSD картичка до 1 TB.

Samsung Note 10 и Galaxy Note 10+

Моделите за САД и Кина ќе имаат Snapdragon 855 процесор со 8 GB RAM меморија за 6,3-инчниот Note 10 и 12 GB за 6,8-инчните Note 10+ и Note 10+ 5G. Конфигурациите на RAM меморијата остануваат исти за уредите со Exynos 9825 процесор кои ќе се испорачуваат до сите останати пазари.

Што се однесува до батеријата, Galaxy Note 10+ 4G моделот и 5G моделот имаат 4.300 mAh батерија, додека помалиот добива батерија од 3.500 mAh. Новите Note 10 модели со новата верзија на Samsung DeX овозможуваат да го приклучите на вашиот MacBook или лаптоп за да уживате во десктоп работната површина на вашиот телефон.

Samsung Note 10 и Galaxy Note 10+S-Pen-от за прв пат овозможува конверзија на ракописот во текст. Сите модели имаат 10MP предна камера, и три камери на задниот дел: 12MP + 12MP + 16MP, а само моделите Note 10+ 5G добиваат сензорот ToF ‘Depth Vision’ на задниот дел.

Цените за Samsung Note моделите се: Galaxy Note 10 чини 949 американски долари за моделот 256 GB која е единствената конфигурација во која се нуди, Galaxy Note 10+ започнува од 1099 долари за моделот 256 GB и 1.199 долари за моделот 512 GB, моделот S10 + 5G доаѓа во варијанта од 512 GB за 1.299 долари.