Samsung официјално ја објави новата генерација на Galaxy A7, модел кој се наоѓа во средната класа. Најинтересна иновација во споредба со минатогодишните верзии на моделот е бројот на камери на задниот дел.

Ова е прв мобилен уред со таква конфигурација. Трите камери се со следните карактеристики: 24-мегапиксели со автофокус и бленда f/1.7, 5-мегапиксели со f/2.2 и 8 мегапиксели со широк аголна леќа од 120 степени. Првите две обезбедуваат фотографии со заматување на позадината, а третата овозможува широкоаголни слики, слично на некои модели на ASUS и LG.

Galaxy A7

Новиот модел на Samsung нуди и 5-инчен Super AMOLED екран со резолуција 2.220х1.080 пиксели, 4GB РАМ и 64 GB внатрешна меморија, батеријата е со капацитет од 3.300 mAh, а странично е поставен читач на отпечатоци. Уредот има 8 јадрен процесор и работи на Android 8 Oreo. Куќиштето на паметниот телефон е направено од метал и стакло, а боите се сини, црни, златни и розови.