Компанијата Samsung не се задоволува на ловориките кои ги доби минатата година со лансирањето на Odyssey G9, големиот монитор со висока резолуција кој беше опишан како „ултимативен додаток за секој гејмер“, од страна на голем број специјализирани медиуми.

Наместо тоа, технолошкиот гигант ја претстави унапредената верзија наречена Odyssey G9 Neo со Quantum Mini LED, истиот тип на мали светлечки диоди кои се наоѓаат кај Samsung 4K и 8К телевизорите.

Samsung Odyssey G9 Neo

Засилената градација ја зголемува разликата меѓу најтемните темни нијанси и најсветлите светли нијанси низ 2.049 зони за затемнување, при што максималната осветленост достигнува до 2.000 нити. За споредба, најголемиот дел од паметните телефони и лаптопите достигнуваат до 200-300 нити, според Digital Trends.

И додека екранот може да се пофали со интензивна осветелност и сооднос на контрастот од 1.000.000:1, Samsung истакнува дека 1000R заобленоста го доби TUV Rheinland Eye Comfort сертификатот.

Карактеристиките со кои се одликува овој монитор на Samsung вклучуваат ултра широка 49-инчна дијагонала во сооднос 32:9, фантастични 240Hz refresh rate, 1ms време на респонзивност и поддршка за адаптивна синхронизација од врвни производители на графички картички како Nvidia и AMD.

Доколку имате доволно големо биро, Odyssey G9 Neo може да служи како значителен белег во гејмерската поставка, со својот сјајно бел екстериер и прилагодливиот светлосен систем со 52 бои и пет ефекти.

„Постојано ги слушаме гејмерите за подобро да разбереме како играат и како мониторите можат да ја издигнат нивната игра. Претставувањето на Neo G9 Quantum Mini-LED мониторот е резултат на сето ова, со оглед на тоа дека нуди бескомпромисно, претопувачко и врвно искуство кое го нагласува патот кон иднината на гејмингот“, изјави извршниот директор на Samsung Electronics Марк Квироз.