Лансирањето на Samsung Galaxy Watch Active2 доаѓа само неколку месеци по многу добро признатата прва генерација на Samsung Galaxy Watch Active. Новата верзија е елегнтна, футуристичка и е достапна во алуминиумска и челик верзија. Samsung Galaxy Watch Active2 доаѓа со дијаметар од 44 мм и веќе познатиот 40 милиметарски.
Новиот смарт часовник ја задржува отпорноста на вода и прашина како и неговиот претходник. Часовникот со алуминиумско куќиште доаѓа во три бои: Cloud Silver, Aqua Black и Pink Gold, додека пак челичниот во Silver, Black и Gold со кожни ремени.
Нотификации, примање на повици, следење на голем број на активности и спортови, следење на крвниот притисок и како новина ЕКГ читања. Една нова карактеристика која на многумина би им се допаднала е тоа што може да испратите слика од облеката која ја носите во моментот на апликацијата Samsung Wearables, со што ќе добиете дисплеј на часовникот кој ќе одговара на вашиот outfit.
Моделот 40мм има батерија од 230mAh како Samsung Galaxy Watch Active, а моделот 44мм има батерија од 340mAh. Samsung Galaxy Watch Active2 ќе биде достапен за купување од 27-ми септември, а цените почнуваат од 279 долари за 40мм или 299 долари за верзијата од 44мм.