Samsung Galaxy S11

Иако беше најавено дека Samsung Galaxy S11 ќе биде наредниот телефон на брендот кој ќе излезе во продажба, не е единствениот паметен телефон на кој во моментов работи компанијата.

Ова го покажаа случајно информациите кои протекоа во јавноста. На пазарот, покрај Samsung Galaxy S11, ќе се појави уште еден телефон за интернационалниот пазар. Не станува збор за конкурентскиот уред Samsung W20 5G кој треба да ѝ парира на Motorola Razr 2019. Тој е наменет за кинескиот пазар. 

 Slashleaks објавија детали за Samsung Galaxy S10 Lite. Има импресивна 4,370 mAh батерија. Snapdragon 855 процесор и 8GB RAM. Samsung Galaxy S10 Lite доаѓа со 2 леки на задната и 2 леки на предната камера. Се претпоставува дека е намален квалитетот на задната камера поради намалување на цената, со што телефонот го добива суфиксот Lite. 

Прашањето е колку овие спецификации ќе ја намалат цената и дали тоа е воопшто првичната намера на производителот. Се очекува S10 Lite да го здогледа светлото на денот пред да биде пуштен во продажба S11, бидејќи во спротивно неговото лансирање би немало смисла.