И покрај тоа што венаш по официјалната премиера на Galaxy S10, нашите оператори ја пуштија понудата за овој знаменосец на Samsung, неговата официјална премиера на нашиот пазар се случи вчера на 05.03.
По овој настан, веќе официјално се отвора можноста овој телефон да биде купен низ продавниците во нашата земја. Настанот беше предводен од Тијана Дапчевиќ, а главен збор имаа Милан Вујовиќ, раководител на оделот за маркетинг комуникации на Samsung и Ивана Гогова, тренер.
Тие се обидоа одблизу да ни ги презентираат сите новости на овој уред и да ни го презентираат задоволството кое го има компанијата, бидејќи ова е јубилеен мобилен уред.
„Денес е голем ден за нас, бидејќи славиме една голема декада на иновации и револуции. Ова го постигнуваме со секој нов Galaxy модел, а го достигнавме и сега. Особено ми е драго да потенцирам дека само по 14 дена од официјалната премиреа, се наоѓаме во Скопје за да го означиме стартот на најновото остварување на Samsung“, потенцираше Милан Вујовиќ.
Веднаш потоа своја изјава имаше и Ивана Гогова, која истакна – „Galaxy S10 е многу посебен уред за нас во Samsung, а верувам дека е исто така и за крајните потрошувачи. Ова е затоа што одбележуваме една цела декада посветеност кон иновациите и стремеж секогаш да ги задоволиме желбите и потребите за нашите крајни потрошувачи“.
Новото семејство на Galaxy S10 серијата е подобрно во три ставки. Првата е дисплејот, за кој е употребена специјална техника, бидејќи сека целиот телефон е екран, со мал исечок за камерата. Втората ставка се перформансите на уредот.
Неговите спецификации се кренати на последното ниво, и во себе ги вклучува најновите чипови и сензори кои се достапни на пазарот. Третата ставка е сензорот за отпечаток, кој сега се наоѓа под стаклото. Ова можеби и не е нешто не видено, но фактот дека во Samsung Galaxy S10 се користи ултразвучна технологија, фасцинира.